Овие настани го одбележаа 9 август во историјата

Сподели со своите пријатели

9 август е 221-виот ден во годината според григоријанскиот календар. До крајот на годината остануваат 144 денови. На денешен ден САД ја фрлија втората атомска бомба во светот, уништувајќи голем дел од Нагасаки во Јапонија.

Loading...

Во продолжение и за другите настани кои оставија траг во историјата:

 

681 година – По победата над Византиските војски на императорот Константин IV, Аспарух го формирал канството Бугарија на јужниот брег од делтата на Дунав, со престолнина во Плиска.

1173 година – Започнала изградбата на ѕвоникот на катедралата во Пиза, кој подоцна ќе стане Кривата кула во Пиза.

1842 година – Потпишан е договорот за источниот дел од границата помеѓу САД и Канада, односно помеѓу државата Мејн од САД и провинциите Квебек и Њу Бранзвик од Канада, со што се окончани долгогодишните погранични судири.

1930 година – Бети Буп за првпат се појавува на малите екрани во цртаниот филм Чинии со вртоглавица (англ. Dizzy Dishes).

1942 година – Махатма Ганди е уапсен во Бомбај од страна на британските сили. Започнува движењето Напуштете ја Индија!.

Loading...

1945 година – Воздушните сили на САД ја фрлија и втората атомска бомба врз јапонскиот град Нагасаки, кој беше урнат до темел. Притоа, загинаа околу 36.000 жители, повеќе од 40.000 беа повредени, а во пожарот изгореа повеќе од 20.000 куќи. Шест денови по атомската експлозија, јапонскиот цар Хирохито ја објави безусловната капитулација на Јапонија.

1969 година – Членовите на кланот на Чарлс Менсон, во Лос Анџелес, убиваат шест луѓе, меѓу кои и бремената актерка Шерон Тејт, сопруга на полскиот режисер Роман Полански.

1986 година – Во Књуборт Парк, Стивенејџ, Велика Британија ја гледа последната жива изведба на рок групата Квин со нивниот пејач Фреди Меркјури.

 

Овие познати личности се родени на денешен ден:

1386 година – Хенри V — англиски крал.

1631 година – Џон Драјден — англиски поет.

1776 година – Амадео Авогадро — италијански хемичар.

Loading...

1883 – Панко Брашнаров — македонски комунист

1938 година – Род Лејвер — легендарен австралиски тенисер, единствениот двократен освојувач на календарски Гренд Слем.

1938 година – Леонид Кучма — вториот украински претседател.

1939 година – Романо Проди — италијански премиер, поранешен претседател на Европската Комисија.

1945 година – Ваит Насуфи — македонски писател.

1963 година – Витни Хјустон — американска пејачка и актерка.

1971 година – Андреј Кабанов — руски кануист-спринтер .

1972 година – Хуанес — колумбиски поп пејач.

Loading...

1973 година – Филипо Инзаги — италијански фудбалер.

1986 година – Роберт Кишерловски — хрватски велосипедист.

 

Овие познати личности починале на денешен ден:

916 година – Свети Климент Охридски — родоначалник на словенската книжевност и на црковното беседништво, прв оргинален словенски и македонски поет, говорник, преведувач, прв епископ словенски и македонски на Балканот и заштитник на Охрид. Роден е во Охрид, околу 840 година.

1048 година – Папа Дамасиј II — римски папа.

Loading...

1919 година – Руџеро Леонкавало — италијански композитор.

1921 година – Јован Атанацковиќ — српски генерал.

1962 година – Херман Хесе — германски писател и нобеловец.

2008 година – Махмуд Дарвиш — палестински поет.