Овие локации во Куманово денеска се без вода

Сподели со своите пријатели

Поради интервенции на водоводната мрежа, како резултат на настанати дефекти, денеска привремено без вода ќе бидат неколку улици во Куманово.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улица „Орце Николов“, улиците „120“ и „33“ во населбата Карпош, улица „315“ во Ајдучка Чешма, како и приклучок на улицата „Никола Тесла“.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и се очекува наскоро нормализирање на водоснабдувањето.

Од друга страна, претпријатието паралелно ќе врши и реконструкција на оштетени тротоари и коловози од дефекти на водоводна и канализациона мреж и тоа на улиците: „Перо Чичо“, „Кирил и Методиј“, „Љупчо Арсов“, „Егејска Македонија“ и „Ангел Шајче“.

Никола Ивановски

Leave a Reply