Овие локации низ кумановско денеска и утре без струја

Сподели со своите пријатели

Низа кумановски села денеска и утре ќе бидат без електрична енергија во текот на денот.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи денеска во период од 11:30 до 12:30 прекини на електричната енергија ќе има во селата Бајловце,  дел од село Макреш, Канарево, Цвиланце, Аљинце, Бајловце, Жељувино, Дренк, како и дел од Војник (Оранжерии)

Утре во период од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе биде дел од населбата Карпош, односно во близина на бензинската пумпа „Сателит“.

Во период од 11:30 до 12:30 часот прекини ќе има во селата  Бељаковце, Довезенце, Јачинце и Стрезовце.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија, поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски

Leave a Reply