Овие 6 работи се случуваат со организмот кога ќе престанете да пушите цигари

Сподели со своите пријатели

Пушењето тутун предизвикува зависност, ги оштетува сите органски системи во телото и го зголемува ризикот од повеќе од триесет болести. Изложеноста на чад од тутун го загрозува и здравјето на непушачите, а особено му штети на здравјето на децата, пишува Ординација.хр.

Loading...

 

 

Ефекти од прекин на пушењето

Ако одлучите да направите добро за вашето здравје и да се откажете од цигарите, еве што може да очекувате:

По 20 минути, пулсот и крвниот притисок почнуваат да опаѓаат

За 12 часа, нивото на јаглерод моноксид доаѓа во границите на нормалата

Loading...

Во рок од 2 до 12 недели, циркулацијата на крвта ќе се подобри, што ќе го олесни одењето и трчањето

 

 

По една година, ризикот од срцев удар ќе биде двојно помал отколку кај пушачите

Во рок од 5 до 15 години, ризикот од мозочен удар станува ист како кај непушачите

По 15 години, ризикот од срцев удар станува ист како и кај луѓето кои никогаш не пушеле