Скоро 1.500 овци и кози ги блокирале улиците во центарот на мадрид, во настанот кој датира уште од Средниот век.
Трашуманциа е традиционално преместување на стоката од летните на зимски полиња кое датира уште од Средниот век, а од 1994. година во Мадрид таа традиција е обновена како фестивал со кој се потикнува сточарството.
По тој повод, десетици сточари облечени во традиционални носии минале со стадата низ центарот на Мадрид во кој сообраќајот бил блокиран.
Путин: ИСИС ја финансираат 40 држави, меѓу нив има и членки од Г20 (видео)

