Оваа земја, електронските цигари ќе ги издава само на рецепт

Сподели со своите пријатели

Регулаторното тело за лекови и здравствени производи во Англија работи на промена на регулативата со цел да се исполнат плановите на Владата за намалување на стапката на пушење.

Loading...

Се очекува пушачите да добиваат електронски цигари на рецепт на сметка на здравственото осигурување за да им помогнат да се откажат од цигарите.

Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи објави дополнителни упатства со кои се отвора можност електронските цигари да станат медицински лиценцирани производи кои ќе ги препишуваат пушачите кои сакаат да се откажат од своите навики.

Со оваа законска регулатива Англија би станала првата земја во светот во која електронските цигари ќе имаат медицински лиценци.

 

 

Речиси 64.000 луѓе годишно умираат од последиците од пушењето. Се проценува дека околу 3,6 милиони луѓе, или седум отсто од возрасните Британци, користат електронски цигари.

Loading...

Лекарите, медицинските експерти и здравствените работници го поздравија овој потег.

„Убеден сум дека тоа ќе донесе значителна промена“, рече Сер Норман Ламб, поранешен министер за здравство, кој претседаваше со работната група на Комитетот за наука и технологија за електронски цигари во 2018 година. Комитетот заклучи дека препишувањето медицински лиценцирани електронски цигари ќе донесе „значајни придобивки“.

Дека ова е „одлична вест“ смета и професорката Линда Болд од Универзитетот во Единбург.

„Иако постојат докази дека електронските цигари достапни на пазарот им помагаат на пушачите да се откажат од пушењето, исто така е познато дека секој трет пушач во Велика Британија никогаш не го пробал овој уред“, забележува професорот.

 

 

„Пушачите се загрижени за безбедноста и имаат дезинформации за можните ризици од користење електронски цигари во споредба со тутунот. За некои, цената на овие производи е пречка. Можноста за набавка на производи на рецепт кои ги поминале потребните медицински тестови ќе ги убеди пушачите во нивната безбедност и ќе им помогне да бидат подостапни за оние кои не можеле да си ги дозволат“, додава Болдова.

Loading...

И електронските цигари содржат никотин и нивната употреба не е без ризици.

„Течноста и пареата содржат некои потенцијално штетни хемикалии кои се наоѓаат и во чадот од цигарите“, се вели во соопштението на Националната здравствена служба – иако нивото на овие хемикалии е значително пониско во е-цигарите.

Експертите за јавно здравје, исто така, изразија загриженост дека е-цигарите се повеќе ги користат младите луѓе и покрај тоа што никогаш не биле пушачи. И тутунските компании почнаа да ги произведуваат овие уреди.

Сепак, медицинските експерти заклучија дека лиценцираните електронски цигари се помалку штетни од цигарите. За да добијат лекарска дозвола електронските цигари ќе треба да поминат уште поригорозни безбедносни проверки, нагласуваат од Министерството за здравство и социјална заштита.

Производителите сега можат да ги достават своите производи до Агенцијата за да ја поминат процедурата за одобрување, како и сите други лекови достапни преку Националната здравствена служба. Доколку е-цигарата го добие потребното одобрение од Агенцијата, лекарите може да одлучат, од случај до случај, дали на пациентот треба да му се препише електронска цигара за да му помогне да се откаже од пушењето.

 

 

Loading...

Пушењето сè уште е водечка причина за прерана смрт што може да се спречи. Додека стапките во Велика Британија се на рекордно ниско ниво, сè уште има околу 6,1 милиони пушачи во Англија.

Во Англија, во 2020 година, електронските цигари беа најпопуларниот вид помош што ја користат пушачите кои се обидуваат да се откажат.

Бројот на корисници на е-цигари се зголеми од околу 700.000 во 2012 година на 3,6 милиони во 2019 година. Потоа бројот на корисници падна на 3,2 милиони во 2020 година пред повторно да се зголеми во 2021 година на 3,6 милиони.