Кога мало дете ќе се смири, тоа во повеќето случаи е знак дека прави нешто што не треба. Токму во тој момент мајка од Велика Британија го пронашла своето двегодишно дете, а нејзината објава станала хит на социјалните мрежи.
Имено, кога влегла во бањата да провери што прави малиот Ајден, мајката Никола Стит останала во шок. Меѓутоа, во исто време веројатно и била среќна што влегла токму во тој момент. Токму тогаш момчето со четката за заби го исчистило тоалетот.
Нејзината објава веднаш предизвика лавина од коментари.
„Ух, се прашувам колку пати го направил тоа“, напишала една жена.
– Барем забележавте пред да ја врати четката на своето место – беше уште еден коментар.
Своето непријатно искуство го сподели и друга мајка.
– Ќерка ми го правеше истото на таа возраст, само јас не знаев додека не почнав да ги мијам забите и не го почувствував силниот вкус на лимон во устата. Тогаш видов дека мојот гел за тоалет има таков мирис – напишала таа мајка.