Оваа книга има 300 страници, напишана е без ниту една буква „Е“, но тоа не е најчудното!

Сподели со своите пријатели

Француската книга „La disparation“, на англиски „A Void“; односно да испари, специфична е по еден неверојатен податок. На нејзините 300 страници нема ниту една буква „е“.

Книгата ја напишал францускиот писател Жорже Перек во 1969 година. Делото е напишано со техниката Оулип која настанала во 1960 година во Франција и за која се карактеристира техничко ограничување на пишувањето.

Покрај тоа што во книгата нема ниту една буква „е“, која е една од најкористените во алфабетот, книгата е разбирлива и има синопсис како и секоја друга. Приказната од оваа дело следи група индивидуалци кои бараат исчезнат сопатник. Во прашање е мешавина од пародија и хорор, со многу стилски трикови, залпети и заклучоци.

Книгата е успешно преведена на бројни светски јазици како што се италијански, шпански, германски, шведски, хрватски, руски, јапонски, турски, романски, холандски, а преведувачите, што е неверојатно, исто така успеале да го преведат делото без буквата „е“.

Loading...