По Брегзит, Велика Британија се соочува со недостиг од бројни профили на пазарот на трудот, а во овој период недостигаат и професионални Дедо Мразовци.
Оваа недела има стотици слободни работни места на сајтот за вработување „Indeed“, а бараат луѓе кои се подготвени да носат костум на Дедо Мраз на час или еден ден и да направат се што бара улогата.
Во предбожиќниот период, Дедо Мразовците се многу барани во Велика Британија, па од таа работа можете добро да заработите.
Според пишувањата на медиумите, распоредот на Дедо Мраз е тројно зголемен.
Џек Кенеди од сајтот „Индид“ вели дека „Дедо Мраз и нивните помошници не се имуни на недостатокот на сезонска работна сила“.
Вели дека се нудат дневници и до 800 фунти, што е околу 936 евра.
Недостигот е поврзан со пандемијата, бидејќи во минатото таа улога ја преземале постари мажи, кои сега припаѓаат на ризичните групи.
Бидејќи овој бизнис е поврзан со многу контакти, многу постари граѓани оваа сезона се откажаа од улогата на Дедо Мраз.
Кенеди, исто така, гледа помала побарувачка за сезонски работни места.
Истражувањето на јавното мислење на мрежата „Некстдор“ покажа дека проблемот е веќе многу забележлив.
Така, 78% од испитаниците рекле дека не сметаат дека годинава ќе пронајдат Дедо Мраз.