Оваа девојка стариот под го претвори во нов: „Ме чинеше само 700 денари” (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Стариот го освежив со боја и матрици и ме чинеше вкупно 10 фунти (околу 700 денари). Луѓето не можат да поверуваат колку добро изгледа, изјави девојка од Велика Британија која на ТикТок се претставува како @ohsomint.

Loading...

Таа во видеото го покажа текот на трансформацијата на стариот под нов во модерен и впечатлив. Таа комбинираше бело и црно за да добие монохроматски ефект. Прво го обоила целиот под со малку бела боја, а потоа со помош на шаблон и четка насликала црно-сиви шари. Резултатот е фантастичен.

„Ова е мојата омилена трансформација“, коментира таа.

Секако, штом го објави видеото, набрзо стана вирално. Многумина ја пофалија, а некои дури и напишаа дека ги инспирирала да направат нешто слично во нивниот дом, пренесува The Sun.

Во друго видео таа покажа како незабележливата, неуредна оставата, чајната кујна ја преуредила во нешто убаво и практично.

 

@ohsomint Forever my favourite transformation 🥰 #diy #diyproject #stencilledtiles #homemakeover ♬ I did it myself – Keltie

 

Loading...