Девојчето Вилоу Ре Портер е старо само 22 месеци, а нејзината мајка ја фотографира во секоја прилика за да ги сочува драгоцените спомени затоа што таа може да почине за година дена.
Вилоу боледува од многу ретко пореметување кое ја погодува секоја милионита личност. Девојчето боледува од т.н. „i-cell“ болест која влијае на нејзиното дишење, срцето, варењето, зглобовите и би можело да почине пред да наполни три годинки.
И покрај здравствените проблеми кои Вилоу ги има, нејзината мајка 23-годишната Кејти Хансон вели дека ќерката и била спас, затоа што и бил дијагностициран канцер на матката, пишува „Метро“.
Лекарите на Кејти и рекла да го абортира детето откако откриле дека има рак, но таа сакала да го роди. По породувањето и бил отстранет туморот и таа сега е жива и здрава и вечно благодарна на својата ќерка.
Според нејзините зборови, Вилоу е весела и среќна и покрај тоа што е тешко болна, па дури и обична прелада може да ја убие.
Мајката сака да ги забележи сите можни спомени со својата ќерка, која пред четири месеци успеала за прв пат да каже „мама“, иако поголемиот дел од заболените од оваа болест тоа не можат да го сторат.
Вилоу е мојот спас. Да не дознав дека сум трудна, никогша не би открила дека боледувам од рак. Кога ја добивме нејзината дијагноза бев скршена, целиот свет околу мене се сруши – изјавила Кејти.
Loading...
Најдоброто сценарио за Вилоу е да го доживее десетиот роденден, но просечното животно доба на децата заболени од овој синдром е три до пет години. За сега во светот има само 72 вакви потврдени случаи на болеста.
Вилоу дури и кога ќе кива постои можност да заврши во болница, затоа што белите дробови може да и откажат во секој момент.