Оваа бранша е најголем губитник во корона кризата: Укинувањето на забраните дојде предоцна

Сподели со своите пријатели

Нејзината смисла за хумор сè уште не ја напуштила. На прашањето колку години има, Стефани Кли одговара со смеа: „Нема да одговорам на тоа прашање. Покрај тоа, знаете дека ноќните дами секогаш лажат”.

Loading...

Но, претседателот на Германското здружение на сексуални работници е сè уште многу лут.

И на политичарите кои ѝ забранија на оваа индустрија да работи за време на корона кризата.

„Политиката лошо се однесуваше кон нас. Никој не се грижи што се случува со проститутките. Ние не сме помалку важни од, да речеме, фризерите”, рече оваа решителна 58-годишна жена.

Загрозена социјална егзистенција

Проститутките од Источна Европа беа особено погодени. „Многумина не знаеја како да го наполнат фрижидерот следниот ден, повеќето од нив се без финансиска резерва, многумина платија данок и за време на заклучувањето отидоа дома па не добиваа ниту социјална помош“, изјави Кли за Дојче веле.

Административниот суд сега ја укина забраната за активности за сексуалните услуга во најнаселената сојузна покраина Германија, Северна Рајна-Вестфалија.

И во многу други германски сојузни држави, борделите имаат право да ги отворат повторно своите врати.

Loading...

Но, за многумина, укинувањето на забраната дојде предоцна. Многу бордели, вклучително и Паша во Келн, за која се сметаше дека е најголемата институција од ваков вид во Европа, ги затворија вратите.

Оваа индустрија е позната како најголем губитник на коронската криза. Многу проститутки се обидоа, и покрај забраната, да продолжат да работат, преку телефон или онлајн понуди.

Кле вели дека кога неодамна се сретнала со неколку колешки во Келн, нивните мобилни телефони постојано ѕвонеле.

„Клиентите сакаат да одржуваат контакт, дури и за краток разговор по телефон“, вели таа.

Короната бара креативност

Но, повеќе од прашањето како моментално оди работата во оваа индустрија, Стефани Кли и нејзините колешки се заинтересирани за тоа како би изгледало во иднина со коронавирусот, маски, правила за дистанца…

„Нешто ќе ни падне на ум, ќе бидеме креативни. Да се вратиме на методите што ги заборавивме или потиснавме “, вели Кле со насмевка без да прецизира што конкретно мисли.

Ана Росенбах од социјалната служба на Каритас Келн исто така верува дека проституцијата ќе преживее и дека е невозможно да се укине оваа гранка, како што побараа некои хуманитарни организации.

Loading...

„Со забрани не постигнавме ништо“, вели Росенбах, задоволна што проститутките сега можат да се вратат во легалниот бизнис.

Градот на Рајна може да се пофали со напредни проекти кога станува збор за грижа за проститутките и создавање подобри услови за нивната работа. За оние што сакаат да ја напуштат „најстарата професија во светот“, градот нуди неколку програми.

Насочени програми за започнување нов живот

„Не смееме оние што сакаат да се повлечат од работата веднаш да ги ставаме во социјална програма. Постојат различни судбини, некои од нив се откажале од училиште или факултет пред неколку години и мора да погледнеме како да ги искористиме овие искуства”, вели Росенбах од Каритас.

Во 1999 година, таа работела на нов закон што ја легализира и регулира проституцијата во Германија, закон што ја подобрува состојбата на жените на теренот. Денес, организациите за заштита на проституција се борат со други проблеми.

Многу жени и девојки доаѓаат од новите земји на ЕУ, како што се Романија и Бугарија.

„Треба да се бориме против сиромаштијата во овие земји. И тука во Германија, треба да им помогнеме на здравствените канцеларии не само да бидат успешни во борбата против ширењето на коронавирусот, туку и во заштитата на проститутките”, заклучува Росенбах.

Leave a Reply