Оваа болест ја има скоро секоја 10та жена, а решението би можел да биде канабисот

Сподели со своите пријатели

Ендометриоза е болест од која боледува секоја десетта жена во репродуктивниот период и не може во целост да се излекува се до менопауза. Меѓутоа, еден израелски стартап би можел да е на прагот за откривање на лекот за оваа заболување, кое голем број жени и не знаат дека го имаат, а тој се прави со помош на канабис.

Loading...

Професор Хануш Лумир го истражувал дека канабисот уште од шеесеттите години на минатиот век во родната, тогаш, Чехословачка.

– Тогаш сите знаеја дека марихуаната е лековита, но никој не знаеше да објасни како, вели тој низ насмевка.

Од неговата прва средба со канабисот минатата деценија, работите се промениле. Иако консумирањето марихуана во неговиот роден Израел е илегално, медицинските истржаувања не се, што дало простор на младиот научник да отвори лабораторија и на помош да го повика професорот со долгогодишно искуство во таа област – Хануш Лумир.

Како канабисот може да помогне кај ендометриоза?

Јотам Ход, ДОр Хершковиц и Омер Фаркаш одлучиле во 2015 година да се здружат и да започнат истражувања на лековити потенцијали на канабисот. Пронашле инвеститори за своето истражување, основале лабораторија на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим и го нарекле Лумир Лаб по најголемиот експерт кого го познавале.

– Се обидовме да сфатиме како канабисот може да биде лековит така што неговите составни делови ги поделивме во две основни групи. ТХЦ, психоактивни и ЦБД, антиинфламаторни – вели Јотам Ход, коосновач и извршен директор на компанијата.

Првото решение кое го развила компанијата е третман за ендометриоза, болест која ги поаѓа жените, а која подразбира раст на клетки од матерично ткиво надвор од неа, кое може да се всати и во растот на јајцеводите, околу јајниците, па дури и во стомачната празнина. Болеста најчесто се манифестира со обилни и болни менструации, а неретко, во 30 до 50 отсто од случати доведува до стерилитет.

Loading...

За пронаоѓање на лекот за оваа болест, која би влијаела на уништувањето на клетките надвор од матката и спречување да се создаваат нови, Лумир Лабс користи канабиноди екстрахирани од растенијата кои професор Лумир ги проучувал повеќе од 40 години.

Имено, како што велат коосновачите, студиите покажале дека медицинскиот канабис има позитивни ефекти врз симптомите на ендометриоза и може дури да го спречи напредувањето на болеста.

Сепак, нагласуваат дека се потребни уште истражувања за да се утврди со сигурност кој канабионид ја елиминира ендометриското растење кај жената, спречуваат повторно создавање и ја намалуваат болката, без негативно влијание врз здравјето на жената.

– Причината поради која лекарите не укажуваат на лековите кои се засноваат на оваа растение е тоа што се уште нема доволно податоци. По тестирањето, идејата е производот да тргне на пазарите во САД и Канада, за што се очекува дека ќе бидат потребни две години, рекол Јотам Ход.

Лумир Лаб е само една од бројните стартап компании во Израел, според кои оваа земја е далеку позната. Имено, Израел е држава со најмногу стартапи по глава на жител, од кои најголемиот дел имаат седиште во Тел Авив, но престолнината, Ерусалим, каде оваа иновативна лабораторија и се наоѓа, полека му се доближува.

Leave a Reply