„Ронин Доџо“ од Куманово освои 10 медали на турнир во Србија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Карате клубот „Ронин Доџо“ одбележа успешен настап на меѓународниот карате турнир „Топлица опен 2026“, кој на 4 октомври се одржа во Прокупље, Србија.

На турнирот учествуваа околу 400 натпреварувачи од Србија, Бугарија и Македонија, со учество на околу 40 карате клубови.

 

 

Во силна конкуренција, членовите на „Ронин Доџо“ освоија вкупно 10 медали – две златни, четири сребрени и четири бронзени.

Во дисциплината ката, со златни медали се закити Бојана Денковска, која триумфираше во јуниорска и сениорска конкуренција.

 

 

Сребрени медали во ката освоија Емил Миленковски, Петар Митковски и Милица Кипријановска, додека со бронзени медали се закитија Кирил Младеновски и Дамјан Стојановски во кадетска конкуренција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожарникарите се пренасочуваат кон „Краста“, пристигнува дополнителна механизација (ВИДЕО)

 

 

Успехот продолжи и во борби, каде што Милица Кипријановска освои сребрен медал, додека Емил Миленковски и Кирил Младеновски се закитија со бронзени одличја.

 

 

Со освоените 10 медали, каратистите на „Ронин Доџо“ имаа забележителен настап на „Топлица опен 2026“, во конкуренција на голем број натпреварувачи од регионот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски