Оваа авиокомпанија ќе ги мери патниците пред полетување

Сподели со своите пријатели

Соблечете ги чевлите. Извадете сè од вашите џебови. Качете се на вагата.

Loading...

Оваа неочекувана процедура ги чека патниците на Ер Нов Зеланд кои патуваат од меѓународниот аеродром во Окленд (АКЛ) од почетокот на јули.

Од „Ер Нов Зеланд“ велат дека се свесни дека тоа може да биде не само непопуларна мерка, туку и дека може лошо да се одрази на бизнисот.

За време на мерењето никој не ги гледа податоците за тежината на патникот, па ни работниците од аеродромот.

Според компанијата, нема видливи екрани.

Тежината на патниците се евидентира за статистички цели, а тежината на сите патници се евидентира заедно, а не поединечно.

Оваа нова мерка е на доброволна основа, барем засега.

На овој начин, авиокомпанијата сака да собира податоци за патниците и товарот во авионот, „за секој следен лет да биде не само побезбеден, туку и поекономичен“.

Loading...

Ер Нов Зеланд објаснува дека истражувањето ќе помогне да се обезбеди „безбедно и економично работење на авионите“.

Пред полетување се мери се, од товар, оброци во авионот, до багаж во багажниот простор.

За патниците, екипажот и кабинските торби, тие ќе ги користат просечните тежини добиени со мерење на патниците и членовите на екипажот.

Во моментов, сите авиокомпании користат „претпоставена маса“, проценувајќи ја вкупната тежина на патниците главно по случаен избор.