Ова жена тврди дека има докази оти Фејсбук нѐ прислушкува (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сопственичката на кафуле од САД тврди дека има доказ дека Фејсбук ѝ го прислушува мобилниот телефон, но тоа е во спротивност со тврдењата кои често ги изнесува компанијата, пренесува The Sun.

Loading...

@Sheafast мисли дека апликацијата и ги прикажува рекламите за овесно млеко откако разговарала за тоа со колешка.

„Тие нѐ слушаат. Предупредување”, е насловот на нејзиното видео кое досега е прегледано речиси 70.000 пати.

 

CNN ОБЈАВИ ДОКУМЕНТИ: Ова би можело да биде најголемата криза во историјата на Фејсбук!

 

Нема докази за прислушкување

Коментаторите дебатираа дали компании како Facebook ги прислушкувале разговорите на нивните корисници. Иако ова е широко распространета теорија, нема цврсти докази за да ја поддржат.

Loading...

Фејсбук неколку пати ги отфрли обвинувањата, објаснувајќи дека ги базира своите реклами на интереси и информации за профилот.

Голем број приватни истражители, исто така, не нашле докази дека технолошкиот гигант ги прислушкувал корисниците.

 

ФЕЈСБУК ВО НОВИ ПРОБЛЕМИ: Ја губи популарноста кај младите

 

Иако Фејсбук собира куп податоци, експертите инсистираат дека веројатно не ги прислушкува корисниците тајно. Факт е дека тој не треба да го прави тоа.

Имено, апликацијата знае доволно за вас од вашите пребарувања и информации за профилот за да ве „таргетира“ со одредени реклами.

Во случајот на @sheafast, кој е сопственичка на кафулето, нејзините пребарувања и страниците што ги посетувала веројатно се поврзани со кафето.

Loading...

Ако Фејсбук го знае тоа, ќе ѝ прикажува реклами поврзани со кафе и сродни производи, како што е овесното млеко.

 

@sheafastThey listen. Truth warning ⚠️ #oatmilk #coffeeshop #facebook #listening #conspiracy #data #smallbusiness #shortage #cellphone #fyp♬ original sound – FAST