Ова се сите неработни денови во 2025 година

Сподели со своите пријатели

Неработни денови за 2025 година согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) ќе бидат дваесетина на број.

Loading...

Неработни денови во 2025 година за сите граѓани на Македонија

– 1 јануари (среда), Нова Година,

– 7 јануари (вторник), Божик,  првиот ден на Божик според православниот календар,

– 30 март (недела), Рамазан Бајрам,  првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 31 март (понеделник) е неработен ден

– 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,

– 1 мај (четврток), Ден на трудот

– 24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На Клиника за ортопедија извршена втора успешна трансплантација со коска од починат донор

– 2 август (сабота), Ден на Републиката,

Loading...

– 8 септември (понеделник), Ден на независноста,

– 11 октомври (сабота), Ден на народното востание,

– 23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба,

– 8 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”.

Неработни денови во 2025 година за граѓаните од православна вероисповед

– 6 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик,

– 19 јануари (недела), Богојавление (Водици),

– 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,

– 6 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

Loading...

– 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

Неработни денови во 2025 година за граѓаните од католичка вероисповед

– 21 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Новогодишната кошница ги намалила цените за 0,3%, Министерството го гледа како успех

– 1 ноември (петок), Празникот на сите светци,

– 25 декември (четврток), првиот ден на Божик.

Неработни денови во 2025 година заграѓаните од муслиманска  вероисповед

– 6 Јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница

– 22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница

– 27 јануари (понеделник), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница

– 8 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите

Loading...

За граѓаните припадници на влашката заедница 

– 23 мај (петок), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница

– 2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На Клиника за ортопедија извршена втора успешна трансплантација со коска од починат донор

За граѓаните припадници на бошњачката заедница 

– 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница

21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик