Украинските власти во Краматорск ги објавија имињата на двете жртви од синоќешниот руски ракетен напад врз пицерија, 14-годишните близначки Јулија и Ана Аксенченко.
Во објава на апликацијата „Телеграм“, градскиот совет изрази сочувство до родителите на девојчињата, велејќи дека „руска ракета ги запре отчукувањата на срцето на двајца ангели“.
„Ја споделуваме тагата на вашето семејство и заедно со вас ги наведнуваме главите во длабока тага“, се вели во соопштението на градскиот совет на Краматорск.
Десет мртви, меѓу кои и тројца малолетници
Да потсетиме, десет цивили загинаа во руски ракетен напад кој погоди пицерија во Краматорск. Меѓу убиените има и тројца малолетници.
Во нападот се ранети повеќе од 60 луѓе, соопштија украинските власти.
Седум лица се извлечени од урнатините на пицеријата, соопшти украинската служба за итни случаи.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.