Ова се ризични земји за патување во 2023 година

Сподели со своите пријатели

Само неколку земји во светот, претежно европски, се сметаат за земји со многу ниска стапка на ризик за патување, додека сè поголем број дестинации во светот преминуваат во „ризичната зона“, пренесува N1 Хрватска.

Loading...

Германската компанија A3M Global Monitoring GmbH создаде мапа на која земјите се означени во категории од многу висок до многу низок ризик за патување, врз основа на проценка на нивото на безбедност предизвикано од политички немири, тероризам, штрајкови, временски проблеми како урагани, цунами, земјотреси и епидемии, криминал и други фактори.

Картата на ризик покажува каде можете да патувате без двоумење и каде е подобро да не планирате одмор во блиска иднина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бразилец ја лажирал својата смрт за да види кој ќе дојде на неговиот погреб

Така, доколку сè уште не знаете каде да го поминете следниот одмор, оваа мапа можеби ќе ви биде интересна.

Не толку одамна, Украина и Иран се сметаа за тајни меѓу патниците кои бараат посебна дестинација.

Во моментов, се препорачува максимално да се избегнуваат одмори во двете земји.

Украина речиси една година се бори против руската агресија, а во Иран луѓето се бранат од авторитарен режим.

На мапата има пет градации на бои, кои се движат од темно црвена што значи „многу висок ризик“ до темно зелена што значи „многу низок ризик“.

Loading...

 

 

Заедно со некои други европски земји и Канада, Германија е една од релативно малкуте темнозелени земји.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Која нација троши најмногу пари на луксуз?

Соединетите Американски Држави се обоени светло зелена, како и Аргентина, Австралија, Нов Зеланд, Намибија, Мароко (без Западна Сахара), Јапонија, Шпанија, Франција и повеќето земји во регионот на Западен Балкан, со исклучок на Албанија и Косово каде според оваа карта има „зголемен ризик“.

Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Србија, се сметаат за земја со низок ризик.

Некои популарни дестинации како Турција или Јужна Африка се исто така означени со жолта боја, што значи дека патувањето е поврзано со зголемен ризик, но е можно без посебни мерки на претпазливост.

Може да се појават опасности, на пример, поради зголемен насилен криминал или одредени здравствени ситуации или природни катастрофи.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Која нација троши најмногу пари на луксуз?

Според експертите, црвените или темноцрвените земји може да се посетат само со големи или значителни ограничувања – ако воопшто.

Во секој случај, мора да се преземат мерки на претпазливост при патување во таква област.