Ова се некои од најчудните закони и забрани на светот

Сподели со своите пријатели

Различни земји, држави, религии и култури во светот со текот на времето си создале свои табуа, закони и забрани, од коишто некои се, најблаго кажано – чудни.

Loading...

Во Сингапур не смее да се џвака гума за џвакање!

Постојат неколку верзии за настанувањето на забраната за употреба на овој производ, кој можете да го купите само во аптека со лична карта. Не е познато точно зошто гума за џвакање е забрането, но приказната говори дека гума за џвакање фрлена од еден граѓанин предизвикала дефект во метро и предизвикала штета од милиони долари…

 

 

Некои веруваат дека забраната е воведена за да се спречи изџваканите гуми да се фрлаат на земја и да се намали загадувањето на животната средина. Како и да е, при патување во Сингапур, на тоа треба да обрне особено внимание.

Во Канада, децата не треба да се ставаат во дубалка!

Loading...

 

 

Оваа забрана е мотивирана од убедувањата дека дубалките го забавуваат умствениот развој на децата, па дури може и да го загрозат нивниот живот.

Не смеете да „тресете“ теписи во некои делови на Турција, но и во Велика Британија.

 

 

Loading...

Од друга страна, пак, во оваа западноевропска земја, тресењето постелнина на тераса, не е забрането.

Во Швајцарија, не смеете да му подвикнете на куче што лае.

 

 

Швајцарија е една од земјите каде што заштитата на правата на животните е најстрога во светот. Така што, тука, незаконски е да удрите, но и да свикате или да му се заканите на куче коешто лае.

Забрането муртење! 

 

Loading...

 

Во Италија, земја на весели, насмеани луѓе, односно, поточно во Милано, забрането е да се муртите. Овој стар закон, кој е на сила многу години, се занемарува само на погребни поворки и в болница.

Во Австралија, поточно во сојузната држава Викторија, забрането е носење розови панталони.

 

Loading...

 

Причината е непозната, но спротивно на законот е да се носат розови панталони во ден недела.

Без чудни имиња за деца! 

 

Loading...

 

Ова важи во Нов Зеланд, Данска и Шведска, каде што семејството мора да избере име за своето дете од списокот подготвен од државата.

Нема возење без кошула!

 

Loading...

 

Возењето автомобил и тоа само по маица по прерамки, е забрането на Тајланд. Ако седнете зад волан, мора да носите кошула.

Забрането поседување над 110 килограми компири!

 

 

Loading...

Во Западна Австралија еден човек не смее да складира повеќе од 110 килограми компири дома.

Слободан Иванов

Leave a Reply