Меѓународната дискографска организација (IFPI) го прогласи Дрејк за најрподава изведувач во светот за 2018 година.
Благодарение на својот алпум „Скорпион“, Дрејк е единствениот изведувач во светот кој втор пат го добива оваа признание.
„IFPI Global Recording Artist of the Year“ се доделува веќе шеста година како единствено и авторизирано признание кое го одразува светскиот успех на уметникот во дигитални и физички музички формати, од стримувања до винил.
Претходни добитници на наградата се „Уан Дирекшн“ во 2013, Тејлор Свифт во 2014, Адел во 2015, Дрејк во 2016 и Ед Ширан во 2017 година.
Извршната директорка на организацијата, Франсис Мур рекла дека Дрејк имал неверојатна, рекордна година која е повеќе од заслужна за светската титула за изведувач на годината.
Листата најпродавани изведувачи во 2018 година изгледа вака:
- Дрејк
- БТС
- Ед Ширан
- Пост Малон
- Еминем
- Квин
- Имаџин Драгонс
- Аријана Гранде
- Леди Гага
- Бруно Марс