Ова се најголемите осум села во Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Само осум од триесетина села во Старо Нагоричане имаат над 100 жители.

Loading...

Меѓу нив најголемо е селото Младо Нагоричане во кое живеат 31,2 отсто од целокупното население на оваа рурална општина.

Облавце

Облавце е најмало од осумте села со над сто жители во Старо Нагоричане.

Според пописот од 2021 година, селото облавце имало 111 жители, од кои 95 се изјасниле како Македонци по националност.

Во селото живеат 55 мажи и 56 жени, во вкупно 42 различни домаќинства.

Селото има 25 деца и осум млади.

Две деца се на возраст до четири години, додека во категоријата од пет до деветгодишна возраст има осум деца.

Попишувачите регистрирале и седум деца на возраст меѓу 10 и 14 години и осум деца од 15 до 19-годишна возраст.

Loading...

Во Облавце живеат и осум млади луѓе. Четири момчиња и две девојчиња биле во раните дваесети години од животот, додека две девојки биле во доцните дваесети.

Жена на возраст меѓу 80 и 84 години е најстариот жител на оваа село.

 

Овие села во Старо Нагоричане се скоро празни

 

Никуљане

Селото Никуљане имало 116 жители според пописот, скоро двојно помалу во споредба со пред две децении.

Вкупно 62 мажи и 54 жени живееле во селото според пописот од пред две години, во вкупно 65 домаќинства.

Никуљане имало 13 деца и 11 млади. До четиригодишна возраст попишувачите на Државниот завод за статистика регистрирале три деца, а исто толку и во возрасната група од пет до девет години.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 3.000 лица со право на глас во Старо Нагоричане

Три момчиња имало и во категоријата од десет до 14 годишна-возраст, додека четири меѓу 15 и 19 години.

Селото имало 11 млади, од кои шест во раните дваесети, а седум во доцните дваесети години од животот.

Селото имало дури четвориц ажители на возраст над 85 години, од кои двајца мажи и две жени.

 

 

Драгоманце

Селото Драгоманце имало 124 жители според пописот од пред две години. Најголемиот дел од нив Македонци, од кои 67 мажи и 57 жени.

Тие живееле во вкупно 49 различни домаќинства. Селото имало дури 28 деца и 15 млади луѓе.

Loading...

До четиригодишна возраст во селото  биле попишани седум деца, додека во категоријата од пет до девет години селото имало шест деца.

Пет деца биле во категоријата од десет до 14 години, а од 15 до 19-годишна возраст биле попишани десет деца.

Селото има и 15 млади, од кои девет во раните дваесети, а шест во доцните дваесети години од животот.

 

село Драгоманце, фото: Википедија

 

Пелинце

Ова погранично село броело 143 жители на пописот, од кои повеќето Македонци, еден Албанец и тројца Срби.

Loading...

Во селото живеат 78 мажи и 65 жени, во вкупно 48 различни домаќинства.

Пелинце има 33 деца и 14 млади. Најбројни се децата до четиригодишна возраст – ги има девет деца, додека десет се во категоријата од пет до девет години.

Четири млади лица се во раните дваесети години од животот, а шест во доцните дваесети.

Двајца жители на селото Пелинце имаат над 85 години и тоа се највозрасните мештани, од кои двајцата се мажи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 93.000 лица утре со право на глас во Куманово

 

Loading...
Село Пелинце, фото: Википедија

 

Челопек

Селото Челопек има 165 жители, од кои 82 мажи и 83 жени кои живеат во вкупно 66 домаќинства.

Вкупно 29 деца и 11 млади луѓе живееле во селото во време кога биле посетени од попишувачите на Државниот завод за статистика.

Најмногу деца биле во возрасната група од десет до 14 години.

Седум млади биле во раните дваесети, а четворица во доцните дваесети години од животот.

Loading...

 

 

Алгуња

Алгуња е едно од најбројните села во Општина Старо Нагоричане. Според пописот од пред две години ова село има точно 300 жители.

Доминира српското национално малцинство, односно 136 од нив, 85 се изјасниле како Македонци, четворица како Албанци, а за останатиот број нема точен податок.

Вкупно 160 мажи и 140 жени живеат во 94 различни домаќинства.

Loading...

Скоро половина од селото се деца и млади. Попишувачите регистрирале вкупно 96 деца и дури 43 млади луѓе.

Најголем број од децата биле во возрасната група меѓу пет и девет години.

Селото има и голем број млади луѓе, од кои 19 лица во раните дваесети години и 24 во доцните дваесети години од животот.

Највозрасниот жител на Алгуња е маж кој имал на 85 години.

 

Loading...

Села во Старо Нагоричане кои имаат меѓу 20 и 100 жители

 

Старо Нагоричане

Селото Старо Нагоричане по која оваа општина и го добила името, е второто најбројно село во оваа рурална општина.

Вкупно 493 лица биле попишани во оваа село, од кои 169 Македонци и 302 Срби.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  36-годишна кумановка физички нападната од сопругот

Селото има 263 мажи и 230 жени, кои живеат во 191 различно домаќинство.

Селото има 93 деца и 51 млад жител. Најголем дел од децата се во возрасната категорија од 15 до 19-годишна возраст.

Вкупно 23 млади лица се во раните дваесети години од животот, додека 28 се во доцните дваесети.

Селото има дури осум жители на возраст над 85 години, од кои двајца мажи и шест жени.

 

Села во Старо Нагоричане
Село Старо Нагоричане, фото: Википедија

 

Младо Нагоричане

Селото Младо Нагоричане е најголемо село во оваа општина и според податоците на Државниот завод за статистика бележи 1.094 жители.

Тоа значи дека една третина од целокупното население во општината живат токму во оваа село, кое е и едно од најмодерните.

Има 596 мажи и 498 жени, од кои најголемиот дел Македонци по националност. Живеат во вкупно 382 домаќинства.

Селото брои дури 204 деца и 139 млади. Најмногу деца се во возрасната категорија од 15 до 19 години.

Вкупно 26 млади се во раните дваесети и 70 млади се во доцните дваесети години од животот.

Во Младо Нагоричане има и над 24 жители чија возраст е над 85 години, од кои 11 мажи и 13 жени.

 

Loading...

Едно кумановско село е целосно празно, Черкезе и Романовце со најмногу жители

 

Село Попис 2021 Попис 2002 Разлика (во %)
Облавце 111 124 -10,4
Никуљане 116 210 -44,7
Драгоманце 124 133 -6,7
Пелинце 143 191 -25,1
Челопек 165 283 -41,6
Алгуња 300 237 +26,5
Старо Нагоричане 493 555 -11,1
Младо Нагоричане 1.094 1.292 -15,3

Никола Ивановски