Се асфалтира „Индустриска“, се подготвуваат и „Моша Пијаде“ и „725“ во Гладно поле

Сподели со своите пријатели

Градежни активности за подобрување на патната инфраструктура се одвиваат на неколку локации во Куманово, информира градоначалникот Максим Димитриевски.

 

 

На улицата „Индустриска“ во тек е вградување на првиот асфалтен слој БНС 22, со дебелина од осум сантиметри, на десниот коловоз, на потегот од Јавниот царински склад до улицата „Железничка“.

 

 

Истовремено, продолжуваат и активностите за подготовка и асфалтирање на улицата „725“ во населбата Гладно поле.

 

 

Во меѓувреме за асфалтирање се подготвува и улицата „Моша Пијаде“, каде претходно беше сменета целосната подземна инфраструктура.

 

 

Градоначалникот Димитриевски посочува дека градежните работи се дел од активностите за реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на патната инфраструктура во Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Фестивалите КуманиУМ и „Art Attack“ викендов во Куманово

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски