Кумановецот Аиман со нова песна „Принцеза“ – љубовна приказна во регетон ритам

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот музичар Аиман ја претстави својата нова песна „Принцеза“, љубовна и разиграна музичка приказна во регетон стил, со која носи поинаков звук и поинаква енергија од онаа на која досега ја навикнал публиката.

За песната е карактеристичен забавниот ритам, а посебен белег ѝ дава и видеоспотот, кој е снимен во Хрватска. Целиот спот е реализиран со VHS-камера, со цел да се долови автентичната атмосфера на деведесеттите години и да се создаде специфичен ретро-визуелен ефект.

Аиман е автор на текстот, а музиката ја потпишува заедно со Cris MJ. Продукцијата е на Филип Андреев – Фико, кој заедно со Давид Ивановски го подготвил и аранжманот. Ивановски е задолжен за миксот, додека мастерингот го реализирале Ивановски и Андреев.

Режијата на видеоспотот ја потпишуваат Вања Митевска – Ва и Аиман, монтажата е на Томи Нацоски – ТЗ и Ва, а графичкиот дизајн е дело на самиот Аиман.

Како тоа звучи и изгледа дознајте во продолжение: