Ова се најдобрите ученици во Куманово и Старо Нагоричане (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Вкупно 29 основци и средношколци денеска беа прогласени за ученици на генерацијата од вкупно 27 училишта од општините Куманово и Старо Нагоричане со што успешно беше заокружена учебната 2018/2019 година.

Loading...

Настанот традиционално и годинава е во организација на Секторот за образование при Општина Куманово и Здружението на просветни работници, а во пресрет на 24ти мај Денот на сесловенските просветители.

– Имаме 29 ученици кои ќе ги пофалиме јавно на настанот, сите ученици ќе добијат признанија и соодветни книги за нивната возраст. Секое училиште прогласува индивидуално кој е ученик на генерација според нивни критериуми и ги доставуваат кај нас во здружението и изготвуваме диплома, изјави Бобан Поповски, претседател на Здружение на просветни работници од Куманово.

Честитки за празникот на просветителството до наставниците и учениците во име на Општина Куманово упати секретарот Десанка Стошевска, која истакна дека ова е ден кога сите ние одаваме почит кон писменоста на нашиот народ.

– Сите ние без разлика каде сме денеска на полето на животот започнавме од едно исто место, од училишните клупи. Таму ги стекнуваме знаењата и се движиме по патот на успехот кој не секогаш е лесен, меѓутоа со упорноста и желбата да се стигне до посакуваната цел која не води по патот на животот и на некој начин желбата за да напреднуваме и да добиваме повеќе знаење и образование од оние кои ни го пренесуваат, а тоа се нашите просветни работници, рече Стошевска.

Loading...

Настанот беше збогатен и со богата културно-уметничка програма за која се погрижи хор од наставнички од ООУ „Кочо Рацин“, како и ритмичката секција при оваа училиште.

Наградени ученици од основните училишта се:

ПОУ „Гоце Делчев“, с. Агино село  – Сара Илиевска

ООУ „Кирил и Методиј“ с. Романовце – Мерале Милдесани

ООУ „11 Октомври“ –  Јована Пауновска

ООУ „Битолски Конгрес“ с. Лопате  – Јасир Неџипи

ООУ „Битолски Конгрес“ с. Лопате – Милена Малиновска

Loading...

ООУ „Браќа Миладиновци“ – Ана Стопиќ

ООУ „Браќа Рибар“ с. Табановце – Христина Томиќ

ООУ „Бајрам Шабани“ – Веса Хасани

ООУ  „Вук Караџиќ“ – Лука Китановски

ООУ „Јероним Дерада“ с. Черкезе – Аниса Таири

ООУ „Кочо Рацин“ – Давид Цветковски

Loading...

ООУ  „Карпош“ с. Умин Дол – Бојана Митровска

ООУ „Магдалена Антова“ – Мила Павловска

ООУ „Наим Фрашери“ – Елза Меметовиќ

ООУ „Светозар Марковиќ“ Старо Нагоричане – Сара Величковска

ООУ „Толи Зордумис“ – Сара Кипријановска

ООУ „Толи Зордумис“ – Хана Арифи

Loading...

ООУ „Христијан Карпош“ –  Таме Алексовски

ООУ „Кристијан Тодоровски Карпош“ с. Драгоманце – Антонио Петковски

ООУ „Христијан Карпош“ Младо Нагоричане – Стефан Велиновски

ООУ „Крсте Мисирков“- Ева Марковска

Од средните училишта:

Loading...

СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Теодора Домазетовиќ

СОУ „Перо Наков“ – Стефан Зарковски

СОУ „Перо Наков“ – Миџибере Зифери

Loading...

ОСТУ „Наце Буѓони“ – Мила Станковска

ОСТУ „Наце Буѓони“ – Веса Шерифи

СОУ Гимназија „Сами Фрашери“ – Арт Латифи

СОУ „Киро Бурназ“ – Јована Живковска

СОУ „Киро Бурназ“ – Билал Галиу

Повеќе фотографии во текот на денешниот ден на нашите Фејсбук и Инстаграм профили.

Loading...

Leave a Reply