Ова се најчудните хотели во светот (фото)

Сподели со своите пријатели

За сите авантуристи и оние кои уживаат во интересна архитектура и внатрешен дизајн, овие хотели се вистински избор за да ги постите барем еднаш во животот. Погледнете ги некои од најчудните хотели во светот.

Loading...

„Kolarbyn Ecolodge“, Шведска

Kolarbyn Ecolodge

Овој мистичен хотел е омилен кај авантуристите и љубителите на шведската зима. Сместен е во шума, а се состои од неколку дрвени куќички. Го нарекуваат и најпримитивен хотел во Шведска, затоа што нема тушеви, ниту струја и во потполност е во склад со природата и екологијата.

„Floating Hotel“, Зинзибар

Floating Hotel Zanzibar

Оваа пловечка хотелска соба се наоѓа во Манта ресорт на Зинзибар и има подводна спална соба полна со прозорци од кои се пружа вистински незаборавен поглед на морските длабочини.

Floating Hotel Zanzibar 2

Loading...

Доколку сакате да поминете само една ноќ во оваа соба потребно е да платите 1.500 долари, но навистина неповторливото искуство за оние кои се одлучат да го посетат е вредно за овие пари.

„Hotel Kakslauttanen“, Финска

Hotel Kakslauttanen

Овој комплекс од соби во форма на игло се наоѓаат над Арктичкиот круг на североистокот на Финска. Ова е вистински избор за роматнични парови кои сакаат да спијат под ѕвездите. Единствено не се препорачува на оние на кои постојано им е ладно, но од овој хотел тврдат дека иглата постојано се добро загреани.

„Giraffe Manor“, Кенија

Giraffe Manor kenya

Она што најмногу фасцинира кај оваа сместување во Кенија не се фасадата и ентериерот на хотелот. Најинтересен е фактот што жирафите без страв ќе протнат глава низ прозорците и ќе се дружат со гостите во хотелот, а често знаат и да украдат храна од масите.

„Plane Hotel“, Костарика

Loading...

Plane Hotel

Овој хотел е во облик на авион и пружа вистинска можност во него да поминете интересна ноќ и да доживеете навистина единствено искуство. Сместен е во прашумите на Костарика и љубителите на летења им се пружа можност барем на кратко да се чувствуваат како пилоти.

За 2.100 фунти, можете да си обезбедите дневен престој во овој Боинг 727 од 1965 година.

„Free Spirit Spheres“, Канада

Free-Spirit-Spheres-4

Овие интересни куќички на дрво во форма на сфери се наоѓаат во шумите во близина на Ванкувер во Канада. Секоја од нив има свое име: Ева, Ерин и Мелоди и секоја е со различна големина. Внатрешноста на собите е скромна, но чувството дека спиете на дрво во средината на природата е навистина неверојатно.

„Wanderlust Hotel“, Сингапур

Wanderlust Hotel

Loading...

Овој хотел е за они кои сакаат да пробаа нешто ново и необично. Сопственикот на хотелот, Лох Лик Пенг, изнајмил четири фирми кои го дизајнирале просторот со модерен дизајн, а целокупното доживување е навистина фантастично. Овој хотел е само за „одбрани“ гости и поседува 29 соби.

„Martin’s Patershof Church Hotel“, Белгија

Martin’s Patershof Church Hotel

Овој хотел се наоѓа во Мекелен, историски белгиски град. Она што го прави посебно необичен е тоа што е сместен во напуштена црква. При реновирањето се труделе да останат истите стари обележја на цркавата, како што е таванот и ѕидовите со интересни облици, кои се вклопуваат во модерниот дизајн.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.