Ова не е обична јахта – ова е „перверзија“ (видео)

Сподели со своите пријатели

Покрај крошната палма, на оваа луксузна јахта можете да најдете и сопствена плажа, како создадена за одмор и водени спортови. Што се однесува до ентериерот, јахтата има големо кино, соба за релаксација и играње, библиотека, теретана, ресторан и бројни други погодности за своите патници.

Loading...

Наутиката е една од областите каде моќните луѓе можат да си допуштат фантазирање и секогаш да доживуваат оригинални работи. Поголемиот дел од нас ужива само во погледот на луксузните јахти, а можеби ќе имате среќа некогаш и да уживате на една од нив.

Потребата за престиж и вишокот пари условија нешто сосема поинаку во светот. Британската компанија „ Yacht Island Design Ltd“ со седиште во Лондон, претстави совршен концеп на луксузна јахта – комбинација од вистински тропски остров и лукзус кој една јахта може да го понуди.

Оваа неверојатна јахта има она за што сите сонуваат – сопствен водопад, вулкан, како и магично езеро, средено да го направи амбиентот на напуштен остров.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.