Украинските служби за итни случаи објавија фотографија за која тврдат дека ги прикажуваат остатоците од училиштето во Миколаев, кое било уништено во синоќешниот руски ракетен напад.
Loading...
Виталиј Ким, гувернерот на областа Миколаев, претходно на својот канал на Телеграм објави дека Русите рано утринава извршиле „масовен ракетен напад“ врз Миколаев.
„Забележани се удари на три ракети. Во едната, зградата на гимназијата во областа Корабелни е речиси целосно уништена. Едно лице е повредено. Во нападот се оштетени и магацинот на земјоделската компанија и зградата на фармата“, објави Ким.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.