Ова е точка во Пацификот до која човекот никогаш нема да може да се доближи

Сподели со своите пријатели

Кинеската вселенска станица Тијангонг-1 падна пред неколку дена во Пацификот. Случајно или не, падна токму недалеку од најголемата гробница на вселенски бродови, станици и сателити на нашата планета.

Loading...

Се работи за место на кое вселенските агенции од сите земји на контролиран начин ги наведуваат леталата или сателитите кои го завршиле својот животен век да се срушат.

Тоа е т.н. Немо точка, дел од океанот до кој не може да се доближите, област која се наоѓа во центарот на јужниот Пацифик, најдалеку од копното и луѓето од било кое друго место на Земјата.

Точката Немо се наоѓа точно помеѓу Австралија, Јужна Америка и Антарктик. Од Точка Немо до најблиското копно потребни се преку 2.700 километри, а тоа се островите Пиктерн на север, Велигденските острови на запад и Антарктикот на југ.

Ниту бродовите, а ниту авионите не минуваат над оваа област и не постои апсолутно ништо друго освен океанот.

И токму поради тоа што местото е толку одалечено од цивилизација и сообрачај избрано е како најдобро за „погребување“ вселенски летала и сателити, без страв дека некој неконтролиран пад на леталото би можел некого да повреди или да предизвика штета.

Точно четири километри под површината на океанот се наоѓа најголемата „гробница“ од вселенски летала и сателити уште од 1971. година. Во последите 48 години преку 300 летала и сателити тука го завршиле својот живот.

Најмногу „жители“ на Точката Немо, поточно околу 200 објекти, припаѓаат на Русија. Најтешкото летало кое паднало е од 2001 година исто така руско производство, а се работи за вселенската станица МИР тешка 140 тони.

Loading...

Токму тука е планирано својот век да го заврши и Меѓународната вселенска станица по 2024. година.