Ова е списокот на најбогати земји во светот: Еве како котира Македонија

Сподели со своите пријатели

Списанието Global Finance објави истражување за „Најбогатите и најсиромашните земји во светот“.

Loading...

Според таа листа, најбогати земји во светот се Луксембург, Сингапур, Ирска и Катар.

Најсиромашни се Сирија, Авганистан, Либан и Украина.

Македонија е на 78 место, а полошо рангирани од регионот се само Албанија и Босна и Херцеговина.

Србија е на 72. позиција, Хрватска е на 53. место, Црна Гора е на 69. позиција, Босна и Херцеговина е на 88. место, а Албанија е на 92. место. Бугарија е на 63. место, а меѓу подобрите е Грција која е на 55. позиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Југот на Франција се бори со невидена суша

Пред Македонија на 77то место е Тајланд, а зад нас на 79то се наоѓа Боцвана.

„Ако едноставно го земеме предвид бруто домашниот производ на една земја – збирот на сите добра и услуги произведени од земјата во една година – тогаш ќе треба да заклучиме дека најбогатите нации се токму оние со највисок БДП, како што е Соединетите Американски Држави, Кина, Јапонија и Германија. Но, како може економиите на, на пример, на Сингапур или Луксембург да се израмнат со економиите на толку моќни структури кога тие се само мали точки на светската мапа“, пишува магазинот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пронајдено тело на уште еден убиен новинар во Мексико

Друг проблем со БДП е, како што пишува Global Finance, што не ја мери распределбата на богатството.

Loading...

„Затоа, попрецизното претставување на условите за живот на луѓето започнува со делење на националниот БДП со бројот на луѓе кои живеат таму. БДП по глава на жител и неговата стапка на раст ни кажуваат многу повеќе за општественото богатство што е потенцијално достапно за секој човек и дали ова богатството со текот на времето се зголемува или намалува“, се наведува во текстот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Голем пожар предизвика хаос во Лондон (ВИДЕО)