Ова е прв град во светот што ќе наплаќа влез на туристите

Сподели со своите пријатели

Од следното лето, Венеција ќе стане град каде што влезот ќе се плаќа преку пристапите лоцирани на главните точки на историското јадро на градот, а потребна е резервација пред тоа.

Loading...

Овие мерки требаше да бидат во сила оваа година, но поради глобалната пандемија, мерките ќе чекаат до следната година.

 

 

Венеција е првиот град во светот кој ќе наплаќа помеѓу три и десет евра за влез, во зависност од денот на престојот и бројот на луѓе што го посетуваат.

Влезот нема да го платат жителите на регионот Венето и децата на возраст под шест години.

 

Loading...

 

Резервацијата ќе се изврши преку апликацијата или веб – страницата, а добиениот QR код ќе се користи за внесување и минување низ градот.