Ова е приказната за бабичката од Бања Лука за која зборува целиот свет

Сподели со своите пријатели

Приказната за бабата Кристина Божиќ од Долни Кола, крај Бања Лука, која своите производи ги продава на градскиот пазар во градот е приказна за која зборува целиот свет, а посебно Балканот.

Loading...

Овие денови многумина се јавиле да и помогнат и се распрашувале каде таа се наоѓа, колку време е на пазарот и дали има сметка на која може да и уплатат пари.

Исто така, за своето појавување во весниците и порталите, слушнала и таа самата па побарала да и ја покажат статијата за да види како изглегла на фотографијата.

Кога и ја покажале статијата, баба Кристина била воодушевена и многу благодарна на сите кои и помогнале на пазарот тој ден многу да заработи. Посебно се заблагодарила на извесна Слаѓана Тривиќ која нејзината приказна и фотографија ги споделила на социјалните мрежи.

Моментално има само еден проблем, а тоа е дека баба Кристина не знае да користи технологија и сметки, па ја замолила Слаѓана да отвори сметка на нејзино има, но таа не сака затоа што не сака да дојде до некои злоупотреби и малверзации, но вели дека оваа приказна ја пренеле многу држави, па постои можност бабичката да добие пензија од германска невладина организација.

Инаку приказната доаѓа од пред неколку денови, кога на кратон на скалите од пазарот Слаѓана ја затекнала како седи на студениот бетон, измеѓу трговците кои имаат свои тезги и продава различни билки, но оваа година и тоа не и тргнало од рака затоа што многу од нив не успеале поради лошите временски услови. Меѓутоа таа е горда што сепак нешто изнела сама да заработи за својот живот.

Инаку приказната и фотографијата на социјалните мрежи само за неколку дена собраа над 20 илјади допаѓања, а за неа пишувале седум светски медиуми.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.