Ова е највисокиот боди-билдер во светот, а потврда доби и од Гинис (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Актер, модел и бодибилдер Оливер Рихтерс ја освои титулата холандски гигант и влезе во Гинисовата книга на рекорди како највисок професионален бодибилдер во светот.

Loading...

Висок е 218,3 сантиметри и мора да јаде седум оброци дневно, или да консумира 7.000 калории за да остане во форма.

„Немам никакви генетски дефекти. Лекарот ми рече дека сум пропорционален. Затоа ме викаат џин, а јас живеам нормален, здрав живот”, вели тој.

Рихтерс признава дека висината може да го задуши бодибилдингот, но тоа не му било пречка да ги зајакне мускулите и да се појави во филмови како што се „Црна вдовица“ на Марвел, „Луѓе во црно“ и „Кингсман“.