Покрај тоа што е многу интелигентна, Андреа Ботес важи за најубавата шахистка на светот.
Прекрасната убавица повеќе личи на супермодел отколку на професионална шахистка, но сепак е шампион во својот спорт и има повеќе од половина милион следбеници на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Андреа Ботес почнала да игра шах уште како девојче, а со текот на годините се покажало дека е исклучително талентирана за оваа игра за која не е потребна сила на мускулите, туку на умот.
Всушност, таа била турната во светот на шахот од нејзината постара сестра Александра, која многумина ја споредуваат со главниот лик на хит мини-серијата на Нетфликс „Damin Gambit“.
View this post on Instagram
Александра зад себе има шест титули државен шампион, како и ФИДА мајстор на Меѓународната шаховска федерација.
Од друга страна, Андреа стана шампион во шах на Британска Колумбија на само 13 години.
View this post on Instagram
Убавицата во декември 2022 година одигра партија шах со велемајсторката Дина Беленкај (29), а „битката“ преку стриминг ја следеа над 300.000 луѓе.
Андреа го загуби тој натпревар со мат, но и покажа потенцијал да стигне до Русинката со еврејско потекло.
View this post on Instagram
Инаку, покрај класичниот шах, Андреа се испроба и во шаховскиот бокс, посебна дисциплина која комбинира елементи на боречки вештини со шах.
Натпреварувачите започнуваат со трчање еден против друг со три минути бокс, а потоа играат триминутна партија шах.
View this post on Instagram
Покрај спортувањето, Андреа дипломирала во 2017 година со диплома за меѓународни односи и станала првата жена претседателка на шаховскиот клуб Стенфорд.
Коефициентот на интелигенција на овој неодолив гениј е над 160.