Ова е најскапото вино во светот

Сподели со своите пријатели

Произведувачот на вино во токајскиот регион во Унгарија, познато по десертно вино, продава шише вино за 40.000 долари во надеж дека ќе ја оживее кралската традиција за пиење вино од страна на кралевите и познавачите.

Loading...

Во вулканскиот токајски регион на североистокот од Унгарија се произведува вино со „племенити плесни“ и габи кои доведуваат до концентрација на шеќерот, пренесува Ројтерс.

Виното „Токај Асу“ станало омилено поради богатиот вкус и комплексноста.

Се зборува дека Луј XIV, познат како Крал на Сонцето го опишал виното како „вино на кралевите и кралот на виното“.

Произведувачот на вино „Ројал Токај“ наведува дека оваа вино кое се продава за 40.000 долари за шише е најскапо во светот.

Други ретки видови може да достигнат и повисока цена на аукциите.

Вредноста на видното значително се зголемува со годините кои минуваат, како инвестиција за 30, 40 или 50 години било за консумација или трговија.

Извор: Ројтерс / фото: Пиксабеј

Loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *