Ова е најскапиот град во светот: Статистиката ќе ве изненади!

Сподели со своите пријатели

Кога ќе помислите на најскапиот град во светот, повеќето луѓе веројатно би помислиле на Њујорк, Лондон или Хонг Конг.

Loading...

Изненадување е што токму израелскиот Тел Авив е на врвот на листата на најскапи градови во светот.

 

 

Според двегодишниот извештај на Economist Intelligence Unit (EIU), израелскиот град Тел Авив за прв пат ги надмина другите градови според Светскиот индекс на трошоци од декември 2021 година.

Објавените податоци откриваат и дека остриот раст на цените оваа година придонесе за најбрзиот раст на трошоците за живот на жителите на градовите во последните пет години.

Economist Intelligence Unit ги следи трошоците за живот во 173 градови низ светот.

Loading...

 

 

Се смета дека за тоа придонеле растот на националната валута шекелот и поскапувањето на стоките, вклучително и храната и транспортот. Тел Авив изби на првото место од петтото, каде што беше во текот на претходните години.

Генерално, европските и развиените азиски градови сè уште доминираат на врвот на листата, додека градовите од Северна Америка и Кина остануваат релативно умерени по цена.

 

 

Loading...

На второ место се Париз и Сингапур, а потоа следат Цирих, Хонг Конг, Њујорк, Женева, Копенхаген, Лос Анџелес и Осака.

Градот кој доживеа најголем скок на трошоците за живот е Техеран (Иран), кој се искачи од 79-то на 29-то место бидејќи американските санкции предизвикаа недостиг и зголемување на цените.

 

 

Најевтините градови се претежно на Блискиот Исток и Африка или во посиромашните делови на Азија.

Дамаск (Сирија) го задржа своето место како најевтин град во светот за живеење. Беше на дното во седум од десетте ценовни категории, а блиску до дното во преостанатите три.