Ова е најскапата течност во светот: Компонента од смртоносен отров клучна за лекување тумор?

Сподели со своите пријатели

Отров од скорпија чие име е „израелска пустинска скорпија“ не само што е најскапиот отров на светот, туку е и најскапата течност во светот.

Loading...

Цената на оваа течност е огромна, дури  неверојатни 39 милиони долари за галон, односно за само 3-4 литри (4,5 литри Велика Британија или 3,7 литри во САД).

„Израелската пустинска скорпија“ е една од најопасните видови на скорпија.

 

 

Иако нејзиниот убод генерално не е доволен за да убие здрав возрасен човек, тој може да се покаже смртоносен за децата и постарите лица, а во најлош случај е околу 100 пати поболен од убод од пчела.

Се разбира, болката е субјективна, затоа не ја доживуваат сите на ист начин, но според експертите, болката од смртоносна скорпија е мачна и крајно болна.

Loading...

Но, зачудувачката вредност на смртоносниот отров на оваа скорпија не е само последица на опасноста на која е изложен човекот за да го добие.

 

 

Една компонента на токсинот, пептидниот хлоротоксин, се покажа дека има потенцијал за лекување на тумори на човечки мозок, додека други компоненти може да се користат за регулирање на инсулин и лекување на дијабетес.

Тој е многу вреден за медицинската индустрија, додека истражувачките лаборатории се очигледно подготвени да платат вистинско богатство за тоа.

И, конечно, недостатокот на отров исто така игра улога во неговата безобразна цена.

 

Loading...

 

Една возрасна единка од смртоносната израелска пустина скорпија дава само до 2мг отров истовремено.

И имајќи предвид дека скорпиите скоро секогаш се молзат рачно, една по една и дека се потребни 2-3 недели за скорпијата да го надополни своето снабдување со токсини, тешка задача е да се набават 3-4 литри од таа скапа течност.

Leave a Reply