Ова е најплатениот јутубер: Заработува како Меси и Ѓоковиќ

Сподели со своите пријатели

Форбс ја објави листата на најплатени Јутубери во 2021 година.

Loading...

На прво место беше Џими Доналдсон, попознат како MrBeast.

Неговите клипови на YouTube имаат повеќе од 10 милијарди прегледи, а му донесоа профит од 54 милиони долари.

Минатата година заработил повеќе од најдобрите спортисти во светот како Новак Ѓоковиќ, Лионел Меси, Леброн Џејмс, Кристијано Роналдо, кои сите заработиле околу 40 милиони долари.

 

 

Џими го надмина 10-годишниот рецензент на играчки Рајан Каџи, кој беше на врвот на листата во последните две години.

Loading...

Во 2020 година, MrBeast, како второпласиран, заработил 24 милиони долари, со три милијарди прегледи и 47,8 милиони претплатници, што значи дека има повеќе од двојно зголемен приход и повеќе од тројно зголемен број на прегледи за една година.

На второто место се најде Џејк Пол, третото го зазеде Маркиплиер, потоа американското комично дуо Рет и Линк, а потоа и Нејтан Џонсон Греам.

Истражувањата покажуваат дека во 2021 година, платформата YouTube имала 2,3 милијарди корисници ширум светот.

Новинарот Крис Стокел-Вокер вели дека YouTube се повеќе ја заменува телевизијата, а заработката на таа платформа покажува дека објавената содржина е квалитетна.