ОУ „Кочо Рацин“ и „Порака наша“ потпишаа меморандум за соработка (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Во Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“ денеска беше потпишан меморандум за соработка помеѓу оваа институција и Основното училиште „Кочо Рацин“.

Loading...

Меморандумот ќе опфаќа меѓусебно помагање, односно лицата со пречки во развој ќе добиваат помош од учениците и наставниците во нивните дневни активности, а дефектологот на „Порака наша“ ќе им помага на децата со интелектуална попреченост кои настава посетуваат во ОУ „Кочо Рацин“

Директорката на ОУ „Кочо Рацин“, Лидија Пешевска вели дека лицата со интелектуална попреченост преку оваа соработка ќе добијат помош секаде каде што ќе биде потребно.

Оваа соработка ќе овозможи наши наставници и ученици во сите видови на активности да им помагаат во понатамошниот период – потенцираше Пешевска.

 

 

Мариј Цакиќ, дефектолот во „Порака наша“ вели дека овој проект е многу значаен затоа што ќе им помогне на лицата со интелектуална попреченост, чиј број во последните години значително е во пораст.

Loading...

Целта на нашата соработка со „Кочо Рацин“ е да се даде подршка и таа е концепирана преку стимулација на одредени развојни области – додаде дефектологот Цакиќ.

 

 

Инаку наставниците од училиштето апелираат, како и во повеќе наврати до сега да се издвојат парични средства за да се вработи дефектолог во ОУ „Кочо Рацин“, затоа што имаат учениците кои имаат потреба од стручна помош.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.