Отворено 25. издание на „Денови на комедија“ (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вчеравечер започна 25то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.

Loading...

Свеченото отворање се одржа пред преполна сала уште првата вечер, а веќе се распродадени и најголем дел од билетите за останатите 11 вечери колку што ќе трае фестивалот, појасни директорот Сашо Тодоровски.

 

 

– Ние сме изненадени со продажбата на билети позитивно. Останаа уште билети за нашите претстави од Македонија. Се продаваат, така да сигурни сме дека со текот на фестивалот ќе се продадат и сите останати, рече директорот Тодоровски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гиновска: Вчерашниот митинг беше масновно изразување на народната волја (ВИДЕО)

На отворањето присуствуваа ги министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска и градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

 

Loading...

 

Димитриевски упати апел за следната година ресорното министерство да издвои и повеќе финансии за културните манифестации во градот.

– Најголемите честитки до кумановци кои имаат голем интерес за театарот и тоа кажува многу за нашите граѓани и нашиот град во делот на културата. Општина Куманово како и до сега ќе продолжи да ги поддржува финансиски сите културни манифестации во градот, а секако и оние традиционални со една ваква долгогодишна традиција, изјави Димитриевски.

 

 

Честа да го отвори годинешното издание припадна на Градскиот театар од Винковци, Република Хрватска, чии актери ја изведоа претставата „Приватни животи“.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  ВИКЕНД ПРОГНОЗА ЗА КУМАНОВО: Ќе има ли дожд?

– Досега каде и да сме играле, а тука особено не радува што на отворањето е избрана нашата претстава, по досегашните искуства кога сме играле во Куманово, публиката е специфична и знае што е театар и што се претстави и за нас е исклучителна чест да присуствуваме на ваков добро организиран фестивал на комедијата, изјави Зденко Речиќ, директор на Градски театар Винковци.

 

 

На актерот Благоја Чоровски му беше свечено доделена наградата лауреат на годинешното издание и добирник на наградата „Васил Иљоски“.

 

 

Loading...

Фестивалот продолжува и вечерва, а на репертоар е претставата „Власт“ на Народен театар Штип. По нејзиното завршување ќе следува и оф програмата на фестивалот со стенд ап настап на млади комичари од Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  23-годишник од Куманово физички го нападнал својот татко

 

Никола Ивановски