Отворениот градски базен интензивно се гради (галерија)

Сподели со своите пријатели

Се интевизираат градежните работи на отворениот летен градски базен кој оваа лето на граѓаните на Куманово треба да им пружи релаксација во топлите летни денови.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”346″]

 

Базенот кој ќе има површина од 550 квадрати и ќе располага со околу 200 лежалки ќе биде еден оид најубавите во Куманово, со оглед на фактот дека ќе бидат поставени и три тобогани и иститот ќе наликува на мини аква парк.

Пред неполн месец медиумите и градоначалникот беа во обиколка на градежните зафати и тогаш Дамјановски најави дека околу отворениот и затворениот базен ќе се направи и мини парк со фонтани и добро хорти-културно уредување, а овие денови се очекува дислокација на дивиот луна парк, по што ќе следува реновирање на паркинг просторот.

Свеченото пуштање во употреба на отворениот базен би требало да биде во периодот од 15-ти до 25-ти јуни, додека на 5-ти јуни се очекува затворениот базен да ги прими првите капачи.