Отворена спортско-рекреативната зона во Куманово (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Вечерва на градскиот кеј во Куманово официјално беше отворена седмата „Кока Кола активна зона“, како продолжение на долгорочниот проект на Пивара Скопје и компанијата Кока-Кола, за промоција на активниот начин на живот и добробит на заедницата.

 

Loading...

 

Зоната во Куманово е втора од вкупно пет кои годинава се донираат низ неколку градови во Македонија, а донирана е на барање на граѓаните на Куманово и е резултат на повеќемесечни подготовки.

Сведоци сте дека во изминатите години компанијата Пивара Скопје и Кока Кола развиваат платформа за активен животен стил преку Кока Кола Супер куп, активирање на паркиралиштето за велосипеди и секако тоа за што сме денеска тука, а тоа се активните фитнес зони. Имаме отворена зона опремена со најсовремени фитнес справи достапни за сите граѓани и секако наша желба е да ве мотивираме и да го активираме активниот животен стил, да биде секојдневен стил на секој граѓанин на Општина Куманово, како и на цела Македонија. Нема да застанеме тука, додека не ја покриеме цела Македонија ќе инвестираме за добробит на заедницата. Голема благодарност до градоначалникот на Општина Куманово, Дамјановски кој ни ја овозможи оваа локација и не радува фактот што сме собрани во толкав број од сите генерации и ќе можеме активно да вежбаме и тоа да биде дел од нашите секодневни животни навики – изјави Ламбо Патче, директор за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје.

 

Градоначалникот Зоран Дамјановски се заблагодари на компанијата и на ЈП „Чистота и зеленило“ кои учествувале во средување на локацијата, а Сојузот на спортови во линковската врска помеѓу компанијата и локалната самоуправа.

Во мое име и во име на граѓаните на Куманово голема благодарност до менаџерскиот тим на Кока-Кола за овој проект за изградба на рекреативни, забавни зони, тоа е еден полигон каде се наместени справи за фитнес рекреација за граѓаните, слободен простор за сите граѓани на Општина Куманово. Куманово продолжува во својата намера да гради спортски терени, спортски полигони за практикување на рекреативен, масовен и школски и спорт. Порака до сите вас да го чувате и почитувате ова, затоа што имаме примери за поставување на комунална опрема каде несовесните граѓани уништуваат варварски, ве замолувам и апелира, имаме стражарска служба која ќе се грижи за овој дел од кејот, но апелирам до свеста за чување на оваа комунална опрема – изјави Дамјановски.

 

На настанот како почесен гостин беше поканет и професионалниот велосипедист Зоран Ристовски од велосипедскиот клуб „Вело-М“, кој на своите сограѓани им ја потенцира важноста од редовната физичка активност.

Чест ми е што сум поканет на овој ногу убав настан, особено за професионалните спортисти беше потребно вакво место каде ќе можеме да се пдоготвиме пред нашите настапи. Му фалеше на овој град, а сето тоа благодарение на Кока Кола и Пивара Скопје кои донираа справи. Ги охрабрувам моите сограѓани да дојдат што помасовно и да ги искористат овие можности кои ги нуди фитенс вежбањето на отворено – вели Ристовски.

Loading...

 

И оваа активна зона се состои од најсовремена фитнес опрема, односно пет професионални фитнес справи и вратило, кои ќе бидат бесплатно достапни за користење на сите граѓани на Куманово 24 часа.

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...