Чамлиџа, најголемата новоизградена џамија во модерна Турција, која со првиот езан за утринска молитва е отворена за верниците, сместена е на ридот на азискиот брег Босфор, од каде се шити скоро целиот Истанбул.
Верскиот комплекс на денот на свеченото отворање ќе добие и ново име, а се очекува да го отвори турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Џамијата е изградена во османско-селџучки стил со елементи на модерна градба и поради тоа и положбата веќе претставува впелчатлив симбол на градот на Босфорот.
Џамијата е отворена утринава по повод ноќта на Лејлет-р-рагиаб која обележува почеток на три свети месеци во хиџретскиот календар, јавува Анадолија.
Импозантниот комплекс, покрај џамијата содржи и музеј, уметничка галерија, книжара, конференицска сала, уметничко ателје и голем паркинг.
Џамијата може да прими повеќе од 60.000 верници (25.000 во внатрешноста, 12.500 во дворот и во надворешниот двор околу 22.500).