Отворена изложбата „Самоуки“ во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вчеравечер беше отворена традиционалната ликовна изложба „Самоуки 2022“.

Loading...

 

 

На изложбата се претставени околу 50-тина дела во форма на слики, цртежи и скулптури, од дваесетина автори од Куманово.

 

 

Loading...

Како што вели директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Сашо Тодоровски, интресот годинава бил огромен.

– Се заблагодарувам и на Министерството за култура што и оваа година одвои финансиски средства за да продолжи оваа традиционална изложба. Навистина сме пресреќни како Центар за култура што има огромен број на пријавени, креативни кумановци. Очекуваме идната година да биде уште подобро, рече Тодоровски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

 

 

Целта и идејата на оваа изложба е претставување на кумановските неакадемски уметници пред пошироката јавност.

 

Loading...

 

Во меѓувреме, како што рече директорот Тодоровски, се одвиваат и подготвуваат сите настани согласно годишната програма.

– Исто така започнавме со театарска претстава „Ковачи“, подготовка на театарската претстава, премиерата би требало да биде некаде во септември и нормално концерти на отворено кои ги планираме тука на платото, рече тој.

Никола Ивановски