Отворена изложбата „Нашата Фукушима“ (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Изложбата „Нашата Фукушима“ вчеравечер беше отворена во кумановската Градска галерија, каде се изложени околу 120 дела на 36 учесници од 21 различан земја.

[huge_it_gallery id=”401″]

Loading...

Изложбата има хуманитарен карактер и се организира по повод катастрофата во Фукушима која се случи во март 2011 кога земјотресот со голем интензитет, проследен со цунами, одзема човечки животи и предизвика голема хаварија на нуклеарната централа и нуклеарна контаминација на целата област – вели Јагода Томовска, професор и преведувач и еден од организаторите на изложбата.

На истата ќе бидат изложени и дела од учениците на кумановската гимназија под менторство на наставничката Валентина Јовановска, а целата манифестација беше збогатена и со културен настап со Здружението на пензионери и поетите на Куманово.

Истата ќе биде изложена до крајот на месец август во кумановската галерија каде љубителите на уметноста можат да ги разгледаат делата.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”small” cover_photo=”show” locale=”en_US”]