Отворена 77-та седница на Генералното собрание на ОН

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и седмата седница на Генералното собрание на Обединетите нации, во рамките на редовната есенска сесија, беше отворена во вторник во Њујорк.

Loading...

Седницата ја отворија генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и претседателот на Генералното собрание на ОН Каба Короси, пренесува Тасс.

Дипломатите ќе го договорат дневниот ред, распоредот на состаноците и ќе формираат работни комисии.

Сите клучни меѓународни теми ќе бидат на агендата, вклучувајќи ги климатските промени, борбата против КОВИД-19 и други инфекции, тековните конфликти и кризи, како и прашањата за долговите на земјите во развој.

Генералната дебата на високо ниво ќе се одржи од 20 септември до 26 септември, а ќе учествуваат шефови на држави и влади, како и дипломати од различни земји.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

Темата на сесијата, за време на генералната дебата на 21 септемврие „Пресвртен момент: трансформативни решенија за меѓусебно поврзани предизвици“.