02.10.2019 09:54

Отворен 22 Меѓународен фестивал „Денови на комедија“ (ФОТО)


Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вчеравечер официјално започна со претставата „Странци“ на Драмски театар Скопје.

loading...

Големиот интерес кој владееше за билет повеќе во изминатите денови пред почетокот на фестивалот ги покажа резултатите, салата беше исполнета до последното место.

Како што изјави директорот на фестивалот Сашо Тодоровски, сите билети се распродадени и се очекува успешен фестивал.

– Три дена по пуштањето на билетите во продажба немаше билети. Благодарни сме на сите што ќе гледаат претстави, се извинуваме на сите оние кои не успеаја да најдат билет, меѓутоа капацитетот на салата е 670 места. Сите билети беа пуштени во продажба, така што очекуваме успешен фестивал, навистина сме задоволни што публиката има таков интерес за овој фестивал, изјави Тодоровски.

loading...

Најголем интерес како што рече директорот Тодоровски владее за српската претстава, за која е закажана веќе и првата реприза.

Новитет годинава е тоа што на билетите има бројчиња со кои публиката ќе ја избере најдобрата претстава која ќе биде и наградена.

– На билетите имаме бројчиња од еден до пет, така што по завршувањето на претставите, публиката може да заокружи едно бројче и да ги стави во кутиите кои се кај нас за гласање, со цел да ја оцениме најдобрата претстава од публиката, рече Тодоровски.

Градоначалникот Максим Димитриевски, им посака на сите љубители на комедијата да уживаат во следните две недели во извонредните претстави.

– Верувам дека во следните две недели, кумановци и гостите кои што ни се дојдени од страна ќе уживаат во комедијата, бидејќи нели ние сме градот на шегата, на смеата, на боемството и посакувам да си поминат сите убаво, на актерите професионален настап како и секогаш досега и она што е најбитно да избегаме од општественото секојдневие.. Едноставно сите како граѓани да се опуштиме во она што професионалците го подготвиле за нас, изјави градоначалникот Димитриевски.

loading...

Претставникот на Министерството за култура, националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка Роберт Алаѓозовски, вели дека фестивалот е обележје на градот Куманово, манифестација од врвен карактер.

–  Посебно ме радува  веста дека интересот на граѓаните е голем и дека се бара карта повеќе. Во таа смисла, поддршката е постојана и ние очекуваме дека со новото закоснко решение кое што овозможува манифестации да добијат статус национален интерес, а со тоа и повеќегодишно финансирање, како и со можноста да институциите од областа на културата да добиваат она што се вели резервиран буџет, да имаат автономија сами да управуваат со буџетот, па во таа смисла тие самите да одлучуваат на која од активностите и манифестациите ќе им даваат повеќе поддршка, верувам дека доаѓаат поодбри денови за самиот фестивал и воопшто дека поддршката на културата и развојот на културата ќе може да донесе поголем развој, поголем квалитет, интернационализација, секако децентралзиација затоа што се повеќе луѓе не само од Куманово туку и од околните градови да доѓаат, така што вистина верувам дека фестивалот има иднина и со задоволство дојдов да го проследам отварањето, изјави Алаѓозовски.

loading...

Инаку, овогодинешното издание е под покровителство на Министерството за култура, Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, бројни приватни компании, а сите локални медиуми се покровители на настанот.

Отворањето со свој настап го збогатија членовите на студиото за модерен танц „Мак денс“, а маестралната Весна Петрушевска Бејби со својот стенд ап.

loading...

Посебна награда му беше врачена на актерот Илија Струменковски кој има играно во првата изведба на претставата „Бегалка“.

Повеќе фотографии во текот на денот на нашите Инстаграм и Фејсбук профили.

loading...

© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments