Отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без ПЦР тест, предлага Комисијата за заразни болести

Сподели со своите пријатели
Комисијата за заразни болести утрово донесе предлог одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без ПЦР тестирање, информира Министерството за здравство.
Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на импортирани случаи во земјава со КОВИД-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите.
Во Европската Унија, се додава в соопштението од Министерството за здравство, сите граници на движење се без ПЦР тестирање.
Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата на Република Северна Македонија.
Славица Стефановска

Leave a Reply