Отстранети тезгите на „дивите” продавачи на неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Отстранети се тезгите на дивите препродавачи на Зелениот пазар, булеварот „Октомвриска револуција“ и во населбата „Гоце Делчев“ во Куманово, информираа вечерва од Одделението за односи со јавност од општина Куманово.

Во координираната акција учествувале Секторот за инспекциски надзор од општина Куманово, СВР и Агенцијата за храна и ветеринарство.

– Тезгите на препродавачите се отстранети, од јавните прометни површини, со што се овозможува непречено движење на пешаците на овие фреквентни места во градот. Акциите за остранување на тезгите на препродавачите ќе продожат да се реализираат и во наредните денови, информираат од општина Куманово.