Отровни змии во Македонија – Шарка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Шарка е втората отровна змија во Македонија. Уште се нарекува лутица или осојница Отровот го вбризгува со каснување, преку жлебот на отровниот заб.

Loading...

Делува бавно и не е многу силен, но сепак може да усмрти и човек.

 

@kumanovskimuabeti.mk Reply to @matejdimitrijesk Шарката е втора отровна змија во Македонија #kumanovo #kumanovskimuabeti #zanimlivosti #занимливости #Куманово #кумановскимуабети #foryou #foryoupage #facts #zanimljivosti #cinjenice #fakti #makedonija #macedonia #serbia #balkan #srbija #viral #snake #snakes #zmii #zmije ♬ original sound – kumanovskimuabeti.mk

 

Шарката е бавна, со многу кратка опашка, со елипсовидна и сплосната глава, која што јасно се одделува од трупот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Филков: Продолжуваме со реформи во правосудството

Мажјаците се помали од женките и имаат сива боја, додека женките се црвенкасто-смеѓи. И двата пола по должината на грбот имаат темна пруга со темни дамки по страните. Стомакот им е со сива до црна боја послан со бели точки, а долната страна на опашката им е со жолта до црвена боја. Обично пораснуваат околу 70 сантиметри во должина.

Шарките не го голтаат својот плен туку чекаат да дојде во близина и тогаш го напаѓаат со смртоносна ефикасност. Овој вид змија е ретка опасност за човекот, но за малите животни е моментално смртоносна.

Loading...

Нејзините отровни заби лежат преклопени во вилицата и се исфрлаат напред кога напаѓа. После нападот, шарката чека отровот да почне да делува, бидејќи пленот го јаде дури кога ќе биде мртов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МВР предупредува за измами од лажни „финансиски советници“ на социјални мрежи

Нејзиниот отров е хемотоксичен, што значи дека се распаѓа ткивото и делува на крвотокот.

Некои научници сметаат дека овој отров е најопасен од сите, но добра работа е што шарката не вбризгува голема количина од него.

Сепак бројните статистики укажуваат дека во поголемиот дел на Европа луѓето почесто умираат од убодот на пчела отколку од каснување на шарката.

Најотровната змија во Македонија сепак е поскокот, а повеќе за овој вид можете да прочитате ТУКА.